Чуден пар од Загреб завршил на Ургентно: Во љубовната игра вклучил полжави

Три полжави биле дел од садо-мазо играта на вљубен пар од Загреб кој на крајот морал да побара лекарска помош.

Страста под чаршафите, како што пренесуваат хрватските медиуми, завршил со посета на ургентно. 

Вљубениот пар решил да ја загрее ноќта помеѓу понеделник и вторник, па девојката му турнала ни помалку ни повеќе туку три живи полжави со куќа во анусот на партнерот, но потоа - се заглавил ...

Дежурниот лекар ги засукал ракавите и се обидел да ги извади полжавите од анусот на мажот, но не успеал и пробал и други техники како празнење на дебелото црево.

Тоа не е ни единствениот бизарен детаљ од нивната секс игра.

Во извештајот се наведува дека мажот се пожалил и на болки во уретрата бидејќи неговата партнерка наводно му турнала пипета во мочниот канал. Заради сѐ, на крајот бил побаран и преглед на уролог.

Од болницата не се огласиле за необичната интервенција.


Фото: unsplash/freepik