Чулев за фудбалскиот натпревар Македонија- Косово: Може да се игра со публика
-Не гледам причина да биде фудбалскиот дуел без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и презамеме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдбри услови од безбедносна гледна точка- рече Чулев при денешната посета на СВР Тетово.
Министерот за внатрешни работи оценува дека натпреварот на нашата фудбалска репрезентација со косовската иако е од голем безбедносен ризик може да се игра со публика. Дали натпреварот ќе се игра без публика поради потенцијална опасност од коронавирусот тој вели дека ќе одлучи Управувачкиот комитет предводен од министерот за здравство.
Одлуката да се игра без публика поради можна опасност од коронавирусот, потенцира, не ја носи Министерството за внатрешни работи, туку Владата.
-Тоа е во надлежност на Управувачкиот комитет и водечка улога има Министерството за здравство. Согласно со препораките на министерот за здравство таква одлука ќе донесе и Управувачкиот комитет односно ќе предложи одлука на Владата. Во моментов немаме никакви индикаци дека е потребно одложување на фудбалскиот натпревар Македонија –Косово, рече Чулев.