Спорт // Спорт
Чурлинов од вечерва е во Англија, медицински прегледи утре, потоа потпис за Барнли
Дарко Чурлинов доби влезна виза за Англија од Париз вечерва патува за Англија, утре е на медицински прегледи, потоа следува потпис со Барнли, дознава фактор.мк
Македонскиот репрезентативец на барање на Барнли, ги скокна медицинските прегледи во Германија, тие ќе бидат направени во Англија, потоа ќе финишира трансфер процесот.
Чурлинов два дена престојуваше во престолнината на Франција, вечерва патува за Манчестер, од таму на пат за Барнли.
Барнли на Штутгарт ќе му исплати 3,5 милиони евра, плус бонуси со максимум 5 милиони, потоа Чурлинов станува играч на Барнли, ќе чека и за работна дозвола, но извесен е трансферот во англискиот клуб.