City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Светски афирмираниот моден бренд KARL LAGERFELD пристигна во Македонија во 2012 – тата година, како дел од мултибренд продавниците на CITY FASHION. Низ годините го етаблираше своето присуство на пазарот и се истакна како омилен моден бренд на овие простори.  

Ново отворената уникатна франшизна продавница на KARL LAGERFELD се простира на 100 метри квадратни и е лоцирана во Skopje City Mall на прв кат. Со цел да се доживее светот на Karl, новиот концепт на моно продавницата се фокусира на елегантна и чиста естетика, која обезбедува едно автентично и привлечно шопинг искуство.

Во ново отворената продавница имате можност да ја погледнете последната колекција пролет – лето `24 на KARL LAGERFELD, која е инспирирана од пасијата на Karl Lagerfeld завнатрешен дизајн, пренесена преку топли материјали, геометриски патерни и заситени нијанси.


*пр-објава