COTRUGLI виртуелно предавање: „Leading behind the Mask“
COTRUGLI бизнис школата организира онлајн предавање „Leading behind the Mask“, на 2 април, 2020 година кое ќе го води професорот Николас Кфури.
Во време на ризик од пандемија, климатски промени, нови технологии, глобализација, се нарушуваат изворите на мир и авторитет кои со векови не водеа. Која е улогата на лидерот во овој контекст? Со кои специфични вештини и алатки менаџерите би требало да управуваат? Не постои едногласен одговор на тоа прашање, но затоа постојат одредени пракси кои можат да ни помогнат да го воочиме спектарот на потенцијални можности!
За кои алатки точно станува збор, ќе дознаеме на самото предавање „Leading behind the Mask“ кое ќе го води професорот Николас Кфури, еден од водечките експерти во областа на стратегијата и маркетингот, како и еден од најдобро оценетите предавачи на програмите на COTRUGLI бизнис школата.
Рокот за пријавување е 31 март. За повеќе информации и пријава кликнете ОВДЕ.
Најсигурна инвестиција
Вложувањето во деловна едукација е од пресудна важност, посебно во време на кризни периоди – тоа е една од најсигурните инвестиции кои можете да ги направите. Меѓутоа, од клучна важност е да се избере вистинската школа која ќе ви овозможи едукација. Треба да го имате на ум квалитетот на предавачот, практичноста и применливоста на програмата, атрактивноста на деловните подрачја кои предавањата ги покриваат, отворените можности и квалитет на вмрежување со колеги од регионот.
Зошто да ја изберете COTRUGLI бизнис школата?
За успех е потребно да поседувате релевантно знаење, да имате конкурентна диплома и да бидете опкружени со вистинските луѓе, а токму тоа COTRUGLI бизнис школата им го нуди на своите учесници.
COTRUGLI бизнис школата собира 2200 алумни, програмите се меѓународно акредитирани од страна на Здружението на МБА (AMBA). Признанието од страна на МБА на учесниците им гарантира препознатливост и конкурентност на дипломата, квалитет на предавачи, искуство и релевантност на учесниците, како и дополнителни активности кои поддржуваат вмрежување меѓу учесниците.
Искуства на COTRUGLI алумните:
-Предностите се поделени во две категории: структурално знаење и размена на искуства со 50-60 професионалци кои можете да ги нарекувате пријатели до крајот на програмата, вели Васил Гоцевски, Директор на SeavusGroup.
„Со ЕМБА програмата на Cotrugli, го проширив и му дадов структура на моето претходно знаење и искуство. Вмрежувањето не се сведува само на „проширување на професионалната мрежа”, туку воспоставив вредни релации и пријателства. О, да… и многу забава… Целата комбинација доведе до зголемување на самодовербата и секако беше извор на нови можности. И ова е само почеток!“, раскажува Игор Николовски, генерален директор на Symphony.is, Скопје.
„COTRUGLI е неверојатно искуство! Ми овозможи контакт со одлични, светски познати предавачи и студенти, деловни луѓе од регионот што ги прошири моите погледи. Научив да прифаќам предизвици, да бидам инспириран и да ги инспирирам другите, да верувам и остварам, да бидам желен за нови знаења и секој ден тежнеам да направам разлика. Да бидам фокусиран на решение, да градам и негувам мрежа на контакти, да го најдам во себе она што ме придвижува, да ја пронајдам својата страст и да ја следам, вели Иван Милутиновиќ, менаџер за услуги за Италија и Југоисточен Медитеран во Ериксон.
Иван Коен, Director Legal and Compliance, International at Merck & Co пак споделува:
„COTRUGLI бизнис школата ми пружи нови знаења и увиди во области кои порано не ги познавав. Новите вештини ме трансформираа во личност која не е само експерт во својата област туку “allaround” личност која може активно да учествува во деловни дискусии и да даде допринос кој не е поврзан само за правото и регулативата. Моите соработници и претпоставени и тоа како ја забележаа оваа трансформација, а сум уште на бизнис програма.