Д-р Филгуд демонстрираше како изгледа желудникот на повеќето Балканци: Водителот се згрози од ќесата
За жал
секојдневно расте бројот на гојазни луѓе кај нас, на Балканот но и во светот,
а Саша Плеќевиќ попознат како доктор Филгуд открива кое е најдоброто решение.
Дебелината е болест со висока стапка на смртност, а податоците покажуваат дека секој 5-ти човек на Балканот е дебел. Она што особено загрижува е фактот дека секое четврто дете е дебело. Играњето игри на компјуетр или таблет ги лиши најмладите од физичка активност, смета д-р Филгуд и открива како треба да изгледа здравата и правилна исхрана.
„Околу 61 процент од населението кај нас е со прекумерна тежина, а 17,5 проценти од децата се дебели. Луѓе, тоа значи дека секое четврто дете е дебело, знаете ли што е тоа? Дијабетес тип 2 се јавува и кај децата, што е директна последица на лошата исхрана и физичката неактивност. Може да се здебелите со најздравата храна ако јадете повеќе отколку што консумирате, исто како што можете да изгубите тежина со најнездравата храна ако јадете помалку отколку што консумирате“, започна д-р Филгуд.
Потоа зеде ќеса и демонстрираше како изгледа желудникот на повеќето луѓе на Балканот. Познато е дека сакаме брза храна, пецива и газирани пијалоци, но поради тоа внесуваме празни калории кои не‘ доведуваат до дебелеење. Откако ги стави сите овие намирници во ќесата, д-р Филгуд рече:
„Внесувате 1.300 калории во само еден оброк и ако нема активност се случува дебелеење. Мислам дека се‘ треба да се прави умерено, тоа е клучот за се‘. Сега ќе објаснам графички со кесичка: јадете парче пица, потоа пиете јогурт, а потоа јадете нешто слатко што содржи маснотии, бело брашно и сето тоа го заливате со сок, тоа го внесуваат повеќето луѓе. Не се троши и оди во маснотии, се создава дебелина, која индиректно влијае на мозочен удар, срцев удар, висок крвен притисок, шеќер“, вели Плеќевиќ.
„Заклучокот е да бидеме умерени. Сите рестриктивни диети се краткотрајни, се држите до нив, а потоа добивате уште повеќе килограми. Правилната исхрана, здравата физичка активност и добриот сон треба да бидат составен дел од животот. Така треба да живеете, а не да бидете роб на тоа. Ако јадете пица и се каете три дена, знајте дека не сте во право. Децата треба да излезат надвор, да трчаат и да играат, а не да не ги испуштаат мобилните телефони од раце“, рече д-р Филгуд и откри како изгледа идеалното мени:
„ Шаката е показател за тоа колку треба да јадете. Денот треба да го започнете со чаша вода на собна температура и пробиотик. Научно е докажано дека пробиотикот го зајакнува имунолошкиот систем. Направени се многу студии, диетите го осиромашуваат телото и се намалува имунитетот. Тогаш би било идеално да пиете зелен чај, докажано е дека три пати го забрзува метаболизмот. Физичката активност на празен стомак е идеална. Потоа, околу 9 часот, треба да појадувате. Земете две шаки салата, една лажица маслиново масло, парче урда со големина на дланка без палец, парче 'ржан леб, ставете го на тостер, ставете го во салатата и ете имате појадок“, објасни тој.
„За ручек можете да јадете риба, пилешко или стек со ширина на дланката, две шаки салата и ориз. Многумина мислат дека не треба да јадат компири, тоа е грешка. Земете варени или печени, а не помфрит. Пијте и чаша вино со овој ручек. Идеално, вечерата треба да биде во 19 часот. Имајте две шаки салата, маслиново масло, две цели јајца, пет белки, без јаглехидрати. Од 19 до 9 часот, не консумирајте ништо и тоа е тоа“, рече д-р Филгуд.
Фото: Printscreen
Извор: мондо