Д-р Перишиќ открива: Кој е вистинскиот начин да ги отстраните хемикалиите од овошјето и зеленчукот
фото:Printscreen/youtube/ PRVA TV/profimedia
Овошјето и зеленчукот се полни со штетни пестициди, кои можат да му наштетат на вашето здравје. Еве како безбедно да го конзумирате вашето омилено овошје и зеленчук!
Малкумина го прават ова, а неопходно е...
Кога купувате овошје и зеленчук внимавајте дали е мрсно кога ќе го допрете. Ако е мрсно, знајте дека е третирано со хемикалии.
Ова е пораката на гастроентерологот проф. д-р Воислав Перишиќ, кој во утринската програма на ТВ Прва зборуваше за третирање на производите од пазарот пред да ги јадеме.
- Пред да јадеме јаболко, треба да провериме дали неговата кора е мрсна - вели проф. Перишиќ.
- Ако е така, мора јаболкото да го измиеме во раствор од сода бикарбона и вода или оцет и вода. Јаболкото треба да стои во тој раствор најмалку 15 минути.
Тој, исто така, дава рецепт за миење овошје и зеленчук:
- Ставете 10 грама сода бикарбона, или една лажица на литар вода.
По најмалку 15 минути, јаболкото треба да се извади од тој раствор, добро да се измие и задолжително да се излупи.
- Под кората се концентрираат токсини- објаснува проф. Перишиќ и додава дека кората од јаболко е корисна само за чистење на забите од друга храна што претходно сме ја јаделе.
Исто така, посочува познатиот гастроентеролог, потребно е да се отстранат и стебленцето и темниот дел под стебленцето, бидејќи концентрацијата на хемикалии со кои се третирало овошјето во тој дел е најголема.
Кога станува збор за грозјето, проф. Перишиќ предупредува дека ова овошје треба да се мие под млаз вода дури 30 минути. По ваквиот третман со вода, важно е секое зрно добро да се исуши, па дури потоа да се јаде.
- Кумулативно гледано, опасно е да се јаде грозје што не е вака подготвено - предупредува проф. Перишиќ.
извор:stil.kurir.rs