Дадов сѐ што можев: Кристијано Роналдо со емотивна порака за неговиот роденден

„ 36 години, неверојатно! Се чувствувам како сè да започна вчера, но ова патување веќе е полно со авантури и приказни за паметење. Мојата прва топка, мојот прв тим, мојот прв гол ... Времето лета!

Од Мадеира до Лисабон, од Лисабон до Манчестер, од Манчестер до Мадрид, од Мадрид до Турим, но пред сè, од дното на моето срце до светот ... Дадов се што можев, никогаш не се воздржав и секогаш се обидував да ја испорачам најдобрата можна верзија од мене. За возврат, ми дадовте љубов и восхит, присуство и безрезервна поддршка. И за тоа, никогаш нема да можам доволно да ви се заблагодарам. Не можев да сторам без вас.

Додека го славам 36-от роденден и 20-та година како професионален фудбалер, жал ми е што не можам да ви ветам уште 20 години за ова. Но, она што можам да ви го ветам е дека сè додека продолжам, никогаш нема да добиете помалку од 100% од мене!

Уште еднаш ви благодарам за целата ваша поддршка и за вашите љубезни пораки и иницијативи во текот на овој ден. Многу ми значи и сите имате посебно место во моето срце“- нашиша славниот фудбалер Кристијано Роналдо по повод неговиот роденден.

А, еве како го прослави: