Дали добро спиеме? - Samsung одговара на вечното прашање со глобалната студија за здрав сон

– Денес, спиењето сè повеќе добива приоритет бидејќи здравјето од него зависи. Неодамнешните трендови забележани со апликацијата Samsung Health покажаа зголемен интерес за следење на сонот. Во текот на изминатите две години, забележан е раст од 182% кај бројот на корисници кои активно го следат спиењето најмалку еднаш неделно во тек на една година. Сепак и покрај ова, останува прашањето: Дали добро спиеме?

Samsung реши да одговори на ова прашање со спроведување на една од најголемите поединечни студии за здрав сон досега. Во тек на  716 милиони ноќи било анализирано спиењето на корисниците на апликацијата Samsung Health ширум светот. Иако интересот за личниот здрав сон вртоглаво расте, тажната реалност е дека квалитетот на сонот секоја вечер опаѓа.Светот се соочува со проблеми со спиењето.

Луѓето спијат сè пократко и понеефикасно

Низ целиот свет, просечното времетраење на сонот се намали од 7 часа и 3 минути на 6 часа и 59 минути, а тоа е под суштинскиот праг од 7 часа препорачан од Националната фондација за спиење.

Друг загрижувачки аспект е зголемувањето на будната состојба за време на спиењето, кое доведува до пад на ефикасноста на спиењето – клучен фактор за квалитетот на сонот што се следи со пресметување на односот помеѓу вистинското време поминато во спиење и вкупното време поминато во кревет секоја вечер.


Овој образец не се однесува на некоја конкретна демографска целина или регион. Пријавено е намалување на времетраењето и ефикасноста на сонот кај двата пола, возрасните групи и испитуваните региони:

  • Иако ефикасноста на сонот продолжува да се намалува кај мажите, кај жените се најзабележителни намалувањата во текот на изминатата година. (Графикон 2)
  • Постарата популација покажа поголем пад во ефикасноста на спиењето. Имено, кај лицата на возраст над 70 години има речиси двојоно поголем пад од оној забележан кај лицата на 20 годишна возраст. (Графикон 3)
  • Во Северна Америка е забележано најголемото намалување на ефикасноста на сонот. Азија го задржа најниското ниво. (Графикон 4)
  • Надвор од Европа и Северна Америка, во сите други региони забележани се помалку од седум часа спиење. (Графикон 4) 

Недостатокот на сон силно влијае на помладите луѓе

Неконзистентното спиење, исто така, влијае на квалитетот на сонот. Недостатокот на сонот – мерка  за неконзистентност на сонот што го индексира јазот помеѓу времетрањето на сонот во текот на работните денови наспроти викендите – исто така негативно придонесува за глобалните проблеми со спиењето.

Недостатокот на сонот е најголем кај младите – кај оние на возраст од 20 години забележан е речиси двојно поголем недостаток во однос на оние на возраст од 70 години – 49 минути наспроти 29 минути, соодветно. По региони, Азија има најмал недостаток на сон од 41 минута, додека Латинска Америка има најголем – 47 минути. На глобално ниво, луѓето во просек спијат дополнителни 44 минути за време на викендите.(Графикон 6)

Броење пингвини наместо овци

Во обид да се добие подлабок увид во преовладувачките глобални обрасци на спиење, Samsung реши да анализира и категоризира различни типови на спијачи според типови на животни. Секое од осумте животни претставува посебен образец на спиење со уникатни карактеристики поврзани со времетраењето на сонот, конзистентноста и будната состојба – сето тоа влијае на квалитетот на сонот. (Графикон 7) 

Интересно е тоа што поголемиот дел од луѓето ширум светот најблиску се идентификуваат со стилот на спиење на „нервозните пингвини“, а тоа е една третина од учесниците. Тие одржуваат здрав биолошки ритам, но често имаат прекини во сонот, што придонесува за намалена ефикасност на спиењето. Овој образец е во согласност со надолниот тренд забележан изминатата година. (Графикон 8)

·Кај постарата популација е забележан поголем процент на „внимателни елени“, а тоа се лица со пократко времетраење на сонот и подолготрајна будна состојба. Речиси 40% од оние на 70-годишна возраст спаѓале во оваа група, што е речиси 10 пати повеќе од оние на возраст од 20 години. Процентот на луѓето, чијшто образец на спиење го симболизира ова животно, постојано растел со нивното стареење. (Графикон 9)

·Луѓето на возраст од 20 години, покрај поголемата застапеност во групата„чувствителни ежиња“, исто така, покажале припадност кон групата „кртови кои се кријат од сонце“ во споредба со постарите возрасни групи. Овие категории, кои имаат проблем со конзистентноста на сонот, станувале сè поприсутни со намалување на возраста. (Графикон 9)

Како малите навики можат да обезбедат квалитетен сон

Покрај симболите со животни, постојат и програми за вежбање на сонот, чија цел е подобрување на неговиот квалитет. Тие се базираат на цврстото верување дека со мали, дневни промени во навиките може да се добие поквалитетен сон. Директно на вашиот рачен зглоб, овие програми вклучуваат еден месец мотивациско вежбање на спиењето, кое е прилагодено на корисникот врз основа на специфичен симбол на животно – вклучително, но не ограничувајќи се на брзо станување од кревет наутро, редовно време на будење, активност во текот на денот и други позитивни навики.


За да ја испита ефективноста на програмата за вежбање на сонот, Samsung анализираше колку корисници преминале на повисоко ниво на симбол на животно преку вежбање (Графикон 10). На пример, ако сте биле „алигатор во лов“ на ниво 3, вежбањето ќе се смета за ефективно кога ќе преминете на повисоко ниво 1 или 2. Резултатите покажале дека всушност оваа метода функционира. Пример за успешноста на програмата за вежбање на сонот е резултат на фактот дека со подобри навики за спиење се достигнува повисоко ниво на симбол на животно.

·Колку повеќе учествувале во програмата за вежбање на сонот, некои корисници имале подобар квалитет на сонот. Кај секој симбол на животно било забележано поголемо подобрување по 2 месеци вежбање, наместо по 1 месец.

·Кај 94% од групата „изнемоштена ајкула“ – најниското ниво кое ги симболизира оние кои се видливо ненаспани и не можат да постигнат квалитетен сон – било забележано подобрување по само два месеци вежбање на сонот.

Подобар и поздрав сон е можен со воведување на мали навики. Со сериите часовници Galaxy Watch6 и апликацијата Samsung Health ќе имате подбар и поздрав сон преку разбирање на вашите сопствени обрасци на спиење и со персонализирани мотивации и вежбање.

За да дознаете повеќе за серијата часовници Galaxy Watch6, посетете ја веб страницата: www.samsung.com/galaxy-watch.


[1] Направена е споредба помеѓу корисничките податоци на апликацијата Samsung Health за периодот јануари-мај 2021 година и за истиот период во 2023 година.

[2] Не може да се користи за медицинско откривање, дијагноза, терапија. Служи само за цели на општа благосостојба и физичка кондиција.

[3]Резултатите се добиени со анализа спороведена во тек на околу 716 ноќи, од јуни 2021 до мај 2023 година со серијата часовници Galaxy Watch.

[4] Потребни се податоци за спиење од најмалку 7 дена, со 2 дена одмор.


*Пр објава