Дали е ова најубавата зграда на светот? Станови како засебни острови

Можеби една од најубавите стамбени згради во светот. Но, ова е првична визија за ваква архитектура која веќе е започната да се гради.

Се наоѓа во Лимасол, грчкиот дел на Кипар и ќе овозможи раскош и луксуз каков што ретко ќе биде виден. Секој стан ќе има свој базен. 

Всушност, архитектите на проектот hamonic + masson & associés сето ова го замислуваат како станови кои наликуваат на засебни острови.

Кулата ќе има футиристички изглед надополнет со многу зеленило. 

Транспарентната фасада создава непречен поглед кон морето.

Едноставно, фасцинантно.