Дали Јосип Броз Тито го намести поразот на Југославија на Мундијалот за да избегне банкрот?!
Мистерија за која до ден денес се дебатира...
Една од најголемите контроверзи по учеството на Југословенската фудбалска репрезентација на Светските првенства е поврзана со Светското првенство одиграно во 1974 година во Германија.
Можеби Југославија подобро ќе се снајдеше на ова првенство да не беше Јосип Броз кој според некои тврдења го продаде мечот на домаќинот за цели 700 милиони марки.
Југославија имаше одличен тим, но не ги постигна максималните резултати, барем според тврдењата на љубителите на фудбалот од овие простори. Тоа беше уште една генерација која беше испратена на големото натпреварување со улогата на фаворит и на крајот не ги исполни очекувањата на домашната фудбалска јавност.
Репрезентацијата блесна во првата фаза од турнирот, а потоа сосема неочекувано се случи вистински потоп.
Југославија беше во група со Бразил, Заир и Шкотска. На отворањето на првенството пред 62 илјади луѓе во Франкфурт Југословените одиграа нерешено со моќните Бразилци 0:0 и со тоа укажаа дека се тим на долги патеки. Во второто коло Џајиќ, Шурјак, Каталински, Богиќевиќ, Облак, Петковиќ и компанија ги демолираа несреќните Африканци со 9:0 и со тоа ја забележаа една од најубедливите победи во историјата на Мундијалите. Во третото коло одиграа нерешено со Шкотска (1:1) и со тоа се пласираа во следната фаза од натпреварувањето.
Сепак, во групата Б од последното коло следеше вистинска катастрофа. Во Дизелдорф, Југославија загуби од домаќинот Западна Германија со 2:0, потоа во Франкфурт од Полска со 2:1 и на крајот со истиот резултат од Шведска, повторно во Дизелдорф. Сините не личеа на тимот во првиот круг од натпреварувањето. А се започна од мечот со домаќинот...
На 26 јуни 1974 година, во групата Б, „Сините“ играа против домаќините и лесно беа поразени, со головите на Брајтнер и Милер, со 2:0.
На 10. Светско првенство Југославија важеше за одлична репрезентација која можеше далеку. Но, по ремито со Бразил (0:0) и демолирањето на Заир (9:0), избраниците на Миљан Миљаниќ им се поклонија на „панцерите“.
А само 24 часа претходно Тито првпат во животот ја посети Германија, со намера да добие заем од 700 милиони марки, со кој требаше да се избегне банкрот на тогашниот самоуправен социјализам во Југославија, а ден претходно на натпреварот со Германија, маршалот приреди дочек во Дизелдорф во хотелот „Парк“, каде што беа и тогашните репрезентативци.
Заемот никогаш не беше вратен и со децении се поставуваше прашањето дали цената на фудбалскиот пораз на „сините“ и овозможи на легендарната германска генерација Бекенбауер, Герд Милер, Мајер, Брајтнер и други да се искачи на светскиот трон.
- По поразот пукна приказната дека мечот е наместен, дека сме го продале за заем што ни го дала германската канцеларка, дека Германија ја купила титулата светски првак, дека никогаш не сме ги вратиле тие 700 милиони марки... Јас не знам, едноставно не игравме добро, а и внатрешно не се чувствувавме добро - спомени буди легендарниот голман на Југославија, Енвер Мариќ.
Мариќ вели дека атмосферата во репрезентацијата била очајна, а се било контролирано со пари.
- Ова го предизвикаа „Пума“ и „Адидас“. „Пума“ понуди богати договори доколку ги смениме копачките, па јас и Драган Џајиќ добивме 20.000 марки за носење на нивните копачки. Тогаш фудбалскиот сојуз не сакаше да ги плати премиите за пласман на Светското првенство, кои тогаш изнесуваа многу значајни 15.000 марки. Атмосферата беше ужасна, тимот се распаѓаше - откри Мариќ.
Тогашниот менаџер на „сините“, „десетката“ на Звезда, Јован Куле Аќимовиќ, вели дека на мечот му претходеле два необични настани кои ја фаворизирале домашната екипа, но биле против интересите на југословенската репрезентација.
- Гостувањето на Тито очигледно ја наруши подготовката за натпреварот. Да беше некој друг, ќе беше неприфатливо, но се работеше за Тито... - се присети своевремено Аќимовиќ...
- На денот на натпреварот не однесоа во резиденцијата на нашата амбасада во Дизелдорф и таму два часа го чекавме Тито за да се поздравиме со него. Замислете како им беше на играчите кои имаа фиксен начин на подготовка за натпреварите, што од 11 часот наутро до еден попладне стоеја и чекаа, а во три часот го играа решавачкиот натпревар. Разговарате со соиграчите, што друго треба да правите? Си мрморевме, се нервиравме што околу нас се вртеа еден куп титови полтрони чекајќи да си освојат некој бод, а тие најмалку се грижеа за репрезентацијата. Потоа се појави и Тито, не поздрави и приказната заврши.