Дали ние Македонците ја заборавивме? Наша икона, легенда, една и единствена
Стојна Вангеловска ― југословенска- македонска поранешна кошаркарка и економист. Таа освои сребрен медал на Летните олимписки игри во 1988 Сеул како член на Кошаркарската репрезентација на СФРЈ. Има настапувано за: Студент, Партизан, Јежице, Панатинаикос и Тиквеш Флорида како играч, и ги има предводено Младинец, Профитнес, Студент, Кимико и Женската кошаркарска репрезентација на Македонија како тренер. Таа е единствената Македонка носител на летен олимписки медал.
Заврши на Економски факултет во Сараево и Вишата тренерска школа во Белград.
Со Тиквеш освои повеќе првенствени и куп титули.
За кадетска и младинската репрезентација на Југославија, Вангеловска одигра 50 службени натпревари.
Таа беше член на југословенската репрезентација од периодот 1980-1990, одигрувајќи 250 натпревари, и пет години била нејзин капитен.
Освои девет медали на Балканските првенства, три медали на Европски првенства, три на светските, два медали на Универзијадите, и еден медал на Олимписките игри.
Чудо од жена Македонка.
Отако почувствува дека е способна да застане на кормилото и да биде тренер станува селектор на нашата женска репрезентација, а го презема и тренирањето на тогашниот хит Кимико од Струга. Потоа се редат други селекторски ангажмани.Беше прогласена и за спортистка на векот во Македонија. Секоја ти чест!
Фото. Фб