Дали сте папучар во сопствениот брак: Без овие вештини ниту една денешна жена нема да ве сака
Денешните мажи се наоѓаат под голем притисок – од нив се очекува да ги потиснат своите природни инстинкти и да се однесуваат „помирно“, слично на жените, кои традиционално подобро ја контролираат својата емоционалност и сексуалност.
Во обид да не бидат осудени како груби или „примитивни“, многу мажи се трудат да изгледаат посмирени и поприфатливи, но на тој начин ја губат својата природна самоувереност.
Иако модерните вредности пропагираат рамноправност и контрола, биологијата и милиони години еволуција не можат целосно да се избришат. Природата создаде разлики меѓу половите – жените се нежни и емпатични, а мажите силни, со изразен инстинкт за заштита и иницијатива.
Психолозите велат дека денес се забележуваат два типа мажи: самоуверени и „папучари“. Самоуверените се почитувани, независни, ја ценат жената, но не бараат постојано нејзино одобрување. Тие се харизматични, имаат контрола врз сопствениот живот и се сигурни во својата машкост.
Од друга страна, „папучарите“ се премногу попустливи – се плашат да не згрешат, секогаш се достапни, ја губат самодовербата во присуство на жена и често се однесуваат како да немаат свое мислење.
Современото општество очекува од мажите да бидат нежни, а од жените силни – но вистинската рамнотежа, велат експертите, се постигнува само тогаш кога двата пола ќе ја прифатат својата природа без страв и преправање.
Извор: muskimagazin.rs/Freepik