Дали сте спремни за „Дивље Јагоде“? Скопје ќе биде епицентарот

На 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“: Легендарните „Дивље Јагоде“ со електрично-акустичен  концерт во Скопје

Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа  на концерт во Скопје. Концертот е закажан за 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот. Едни од предводниците рокен ролот најавуваат незаборавен концертен настан за сладокусците на рок музиката, но и за сите останати почитувачи на добрата  свирка. Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се' до оние од неодамна излезениот, најнов, 13-ти по ред студиски  албум „Прати моје старе трагове“.

Публиката на единствениот концерт кој нема да има реприза ќе има можност да ужива и заедно да ги пее познатите песни како: „Дивље јагоде“, „Стаклени хотел“, „Мотори“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“... но и безвременските балади како: „Једина моја“, „Криво је море“, „Паткица“, „Бит ќе боље“... Целото концертно шоу е замислено како елегантен спој на рок ен рол свирка и акустичен „анплагд“ блок, кои бендот ќе ги фузира во еден единствен целовечерен концепт. Богатство од моќни и енергични рифови, нежни и певливи мелодии и квалитетни стихови... Енергија и емоции за сите сетила!

Организатор на овој единствен концертен настан е продукцијата „Сцена“, која најувава и дружење на членовите на „Дивље јагоде“ со претставниците на медиумите на денот на концертот, на 27-ми септември во 11.00 часот во градската кафеана „Пелистер“, лоцирана на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје.