Дали знаете по кој кошаркар настанало логото на NBA?

Кошаркарската силуета претставена на познатото лого потекнува од вистински играч кој играше за Лејкерс ...

Уште во 1969 година, Националната асоцијација на кошарка (НБА) бараше начин да создаде симбол со кој ќе може да се претстави. Така, таа се обрати кон еден човек по име Алан Сигел, кој имаше задача да го дизајнира логото на НБА.

Сигел се мачеше низ старите спортски магазини и наиде на фотографија на Џери Вест, кошаркар кој беше легенда на Лејкерс.

Според него, таа фотографија покажала сè што прави кошаркар: флуидност, техника, движења и динамика. Иако за него беше голема чест, Џери Вест не беше среќен што неговиот имиџ беше симбол на НБА и тој честопати викаше: „Не ми се допаѓаат работите што привлекуваат многу внимание кон мене“.