Дали знаете што навистина добиваат победниците на Евровизија? Многумина ќе бидат изненадени
Фото: Инстаграм/eurovison
Италијанската глам-рок група „Менескин“ победи на 65.
Евровизија со песната „Зити Е
Буони“, за која жирито им
додели 206 поени, а од публиката добија дури 318 поени. Така, италијанските
изведувачи собраа 524 поени, најмногу од сите изведувачи.
По објавувањето на победникот, многу љубители на овој музички натпревар беа заинтересирани колку пари ќе добие бендот од Италија. Но, нема парична награда. На официјалната веб-страница на Евровизија се вели дека победникот ќе добие „стаклен трофеј во форма на микрофон“, а земјата од која ќе дојде победникот ќе има чест да го организира овој натпревар следната година.
Странските медиуми додаваат дека идејата е победниците сами да се збогатат откако ќе се прослават на Евровизија. Токму тоа се случи откако победија Абба или Селин Дион.
Сепак, некои земји добро ги наградуваат своите победници. Кончита Вурст доби 2,5 милиони евра од државата, додека украинската Руслана, која победи со песната „Диви танци“ во 2004 година, освои место во локалниот парламент.
Марија Шерифовиќ, по победата во 2007 година, откри дека добила кутија чоколади од тогашниот српски претседател Борис Тадиќ.