Даниел Крег од еден филм на Џејмс Бонд заработува 25 милиони долари, но ни од далеку не е до најплатените актери на сите времиња
Џим Кери за улогата во филмот „The cable guy“ во 1996 година бил платен 20 милиони долари, затоа што се очекуваше дека ќе донесе толкава заработка после само првиот викенд од прикажувањето.
Поголема заработка сега пред се гарантира повеќе франшизата, отколку самите актери.
Сепак, одредени актери и понатаму успеваат да си обезбедат голема заработка од улогите, како на пример Вин Дизел, кој за филмот „The fate of the furious“ е платен 20 милиони долари, како и Даниел Крег кој оствари заработка од 25 милиони долари за следниот филм за тајниот агент Џејмс Бонд.
Листата на најплатени улоги изгледа вака:
16. Ема Стоун, „La la land“ – 26 милиони долари
15. Арнолд Шварценегер, „Terminator 3: Rise of the machines“ – 29 милиони долари
14. Џим Кери, „Yes man“ – 30 милиони долари
13. Том Хенкс, „Saving private Ryan“ – 40 милиони долари
11. Роберт Дауни Јуниор, „The Avengers“ – 50 милиони долари
9. Џек Николсон „Batman“ 50 милиони долари
8. Џони Деп, „Pirates of the Caribbean: On stranger tides“ – 55 милиони долари
7. Том Хенкс, „Forrest Gump“ – 60 милиони долари
6. Харисон Форд, „Indiana Jones and the Kingdom of the crystal skull“ – 65 милиони долари
5. Џони Деп, „Alice in wonderland“ – 68 милиони долари
4. Сандра Булок, „Gravity“ – 70 милиони долари
3. Том Круз, „Mission: Impossible – Ghost protocol“ – 75 милиони долари
2. Вил Смит, „Men in black 3“ – 100 милиони долари
1. Кијану Ривс, трилогија „The Matrix – 250 милиони долари