Забава // Музика и филм
Даниел Редклиф објави убава вест – ќе стане татко, а вака изгледа неговата партнерка (ФОТО)
Британскиот актер Даниел Редклиф (33), најпознат по улогата
на Хари Потер, ја објави среќната вест дека тој и неговата партнерка Ерин Дарк
(38) чекаат дете, пишува Mirror.
Редклиф и Ерин се заедно повеќе од десет години, а заедно објавија фотографија на која се гледа трудничкиот стомак на Ерин.
- Даниел и Ерин не можеа да бидат посреќни. Возбудени се, едвај чекаат да станат тричлено семејство – открил извор близок до семејството.
Актерот се прослави уште како дете со улогата во франшизата „Хари Потер“, а во една прилика изјави дека би бил среќен доколку неговите деца се заинтересирани за глума.
- Би сакал да ги видам моите деца на филмскиот сет - изјави Редклиф.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм