Дара Бубамарa дополнително ги зголеми градите: 45.000 евра дала на нови операции

Дара Бубамарa дополнително ги зголеми градите: 45.000 евра дала на нови операции

Тотален ремонт!

Дара Бамамара реши тајно да оди на реконструкција на градите и задникот, веднаш по враќањето од Рио де Жанеиро.

Популарната пејачка ги подигна своите и онака огромни гради, а потоа ги зголеми за една големина. Така, пејачката сигурно може да се пофали со една од најголемите бисти на сцената. За оваа процедура на пластичен хирург платила 4.000 евра, а штом се опоравила од зафатот, пејачката на својот Инстаграм ги покажа новите гради, со црн топ со долги ракави кој е отворен во пределот на градите, и од кој се чинело како во секој момент да ѝ испаднат џиновските гради.

Но, Дара не застанала тука, па го „поправала“ и задникот од кој неодамна не била задоволна.

Со оглед на тоа што сега е целосно задоволна од својата позадина, таа неодамна во јавноста почна да се појавува во речиси проѕирни хеланки, како што беше случајот неодамна на белградскиот аеродром, кога не носеше ниту долна облека. Таа потоа им позираше на фотографите, а во еден момент го сврте задникот кон нив, за да се види дека повеќе нема потреба да носи влошки бидејќи задникот ѝ се спуштил. Бубамара не штедела пари ниту за ова задоволство, па за оваа постапка платила 3.500 евра.

Инаку, медиумите пред неколку години пишуваа дека Дара била една од првите на сцената која го средила својот задник во стилот на Џенифер Лопез. Тогаш се пишуваше дека хирурзите ѝ вбризгувале масно ткиво во задникот, кое и го вшмукувале од стомакот и околу половината. Освен што ѝ го префрлиле салото на задниот дел, ѝ го подигнале задникот од што Дара била презадоволна. Но, годините почнаа да го прават своето, а задникот со текот на времето попушта, а тој проблем го реши со вметоци, што можеше да се забележат, за што многумина и се смееја.

Како и да е, не е тајна дека Дара досега потрошила 45.000 евра на естетски интервенции и дека не жали ни цент, бидејќи не крие дека конечно е задоволна од својот изглед.


Фото: Youtube