Дечко „заглави“ во ургентен центар поради силна мастурбација: Она што му се случило е крајно опасно
Не постои лесен начин да се опише нешто вакво со зборови, но 20-годишен дечко од Швајцарија неодамна заврши на интензивна нега откако толку силно мастурбирал по што неговите бели дробови почнале да колабираат …
Неименуваниот тип пристигнал во ургентниот центар во градот Винтертур по прилично напорна сесија на мастурбација која го оставила со болки во градите и отежнато дишење. Лекарите направиле скенирање и откриле дека овој човек доживеал спонтан пневмомедијастинум, состојба во која воздухот истекува од белите дробови и се заглавува во градите.
Резултатот од овој див блуд на младиот Швајцарец е документиран во списанието Radiology Case Reports, а судејќи според студијата, во еден момент тој почнал да гребе и да слуша звуци на крцкање, кои изгледале како да се протегаат од неговиот врат до лактите. Дефиницијата за спонтан пневмомедијастинум во официјалниот извештај гласи: „Спонтаниот пневмомедијастинум се дефинира како слободен воздух во белите дробови но не поврзан со траума“. Случаите вклучуваат вежбање, лекови, астма, повраќање, тешка работа … Ова е ретка, претежно бенигна и самоограничена состојба, која најмногу се јавува кај млади луѓе“.
Овој млад човек итно бил пренесен во Ургентниот центар за да добие кислород бидејќи дишењето му било максимално ограничено. Со други зборови, тој имал голема количина на воздух во градите.
Како што се посочува во студијата за овој случај: „Млад маж на околу 20 години, висок 170 и тежок 60 килограми, бил примен на итната помош со диспнеа и болки во градите. Тој одеднаш почувствувал остра болка во градите придружена со отежнато дишење додека лежел во кревет и мастурбирал“.
Неговата мала сесија резултираше со тоа што тој помина цел ден во ЕР и уште три во одделението. На младото момче му дадоа парацетамол за болка во градите и антибиотици за да се осигури дека нема да дојде до зараза и дополнителни компликации.
Фото:freepik