Дел од корисниците ќе треба да платат за користење на Twitter, Маск ги објави деталите
Илон Маск, новиот сопственик на Twitter, во вторникот објави дека планира наскоро да воведе месечна претплата од 8 американски долари за корисниците кои сакаат да ја потврдат автентичноста на својот профил и да бидат помалку изложени на реклами.
Од минатата година Twitter нуди претплата за платени услуги, но Маск сака да воведе нова понуда, поскапа и наменета за поголем број корисници, која ќе ги диверзифицира изворите на приходи на платформата.
Маск, кој го купи Twitter во четвртокот, најави дека ќе наплаќа месечна претплата од 8 долари на оние кои сакаат сина ознака до нивното име за да потврдат дека профилот е автентичен.
Сега оваа можност можат да ја користат само одредени профили како влади, компании, медиуми, политичари, спортисти итн.
Претплатниците ќе имаат и други поволности. Нивните твитови ќе имаат приоритет, ќе можат да објавуваат подолги видео и аудио снимки и ќе бидат изложени на двојно повеќе реклами.
Цената на претплатата ќе зависи од земјата.
Маск тврди дека профитот не му е прв приоритет и дека сака да му „помогне на човештвото“ со купување на Twitter .
Но, Twitter добива 90 отсто од приходите од реклами и никогаш не бил толку профитабилен како Facebook, Instagram и Google.