Дел од најдобрите тенисери во Македонија: Започна Дејвис купот, „Аџибадем Систина“ златен спонзор

Од денеска започнуваат натпреварите од Дејвис купот во тенис кои до 26 јуни ќе се одржуваат во Македонија, а на кои златен спонзор е Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На ова важно натпреварување во белиот спорт ќе учествуваат девет репрезентации – Македонија, Андора, Албанија, Косово, Азербејџан, Ерменија, Сан Марино, Молдавија и Црна Гора. Во земјава ќе присуствуваат најдобрите тенисери од овие земји, но и дополнително главни судии, линиски судии, собирачи на топки, одржувачи. За сите нив „Аџибадем Систина обезбедува ПЦР-тестови, а во организацијата болницата се вклучува и со дополнителна медицинска поддршка и обезбедува доктори и физиотерапевти кои во текот на натпреварите ќе се грижат за тенисерите.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија и во минатото и сега демонстрира голема свесност и е голем поддржувач на спортските натпревари. Од неодамна во склоп на болницата функционира и најмодерен Премиум центар за физикална медицина и здрав живот, со што „Аџибадем Систина“ го унапреди својот квалитет и залагањата за здравјето на граѓаните. Поддршката на спортските натпреварувања не е новина, но за менаџментот и за вработените во „Аџибадем Систина“ секој нов натпревар што се одржува во нашата земја е гордост.

dejviskup

Оваа поддршка е во соработка со Тенисиката федерација на Македонија, а претходно, месецов Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше главен спонзор и на други два меѓународни настани кои се дел од календарот на Интернационалната тениска федерација (ИТФ турнири) и припаѓаат на Светската турнеја (World Tennis Tour).

dejvis kup

На турнирите учествуваа тенисери од 24 држави – Италија, Аргентина, Полска, Франција, Чешка, Бугарија, Словенија, Белгија, Холандија, Црна Гора, Хрватска, Германија, Велика Британија, Австралија, Ирска, Соединетите американски држави, Чиле, Романија, Русија, Унгарија, Јапонија, Србија и Македонија.

Натпреварите се одржуваат на терените на Тенискиот клуб Југ, под посебни ковид-протоколи кои гарантираат безбедност за сите учесници на турнирите. Сите тениски мечеви ќе се пренесуваат на спортскиот канал на Македонската радиотелевизија – МРТВ 3.

deviscup

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува посветена на поддршката на спортот, а тоа ќе биде приоритет и во иднина.

ПР објава