Ден за тага: Починаа пејачот Џони Неш и гитаристот Еди ван Хејлен

Си заминаа од овој свет, но оставија нешта во трајно наследство. Она што го направија во своите кариери ќе биде запишано во музичката историја.
Американскиот пејач, текстописец, актер и продуцент Џони Неш, почина на 80 годишна возраст пренесува „TMZ“.
Неговиот син Џон Неш III изјави дека музичарот починал од природна смрт во неговиот дом.
„Беше прекрасен татко и семеен човек. Ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостига во нашата заедница. Семејството за него беше сè“, изјавил синот.
Џони Неш беше еден од првите пејачи кои немаат јамајканско потекло што снимил реге музика во Јамајка. Неговиот последен студиски албум „Here again“ беше објавен во 1986 година.
Неговиот хит „I Can See Clearly Now“ е објавен во 1972 година и беше на врвот на „Billboard Hot 100“ листата на најпопуларни синглови каде се задржа четири недели.
Скоро во исто време, почина и Музичарот Еди ван Хејлен на 65-годишна возраст.
Според неговиот син Волф, ја изгубил битката со ракот, бидејќи бил болен и се лекувал подолг временски период.
Еди ван Хејлен беше прогласен за најдобар гитарист во светот. Легендарниот рокер го основа бендот Ван Хален во 1972. година и досега имаше издадено 12. студиски албуми.