Денес го славиме Денот на мажите: Ќе ви подарат ли жените нешто?

Од 1999 година, Меѓународниот ден на мажите се слави денес, 19 ноември.

Па, денот уште не е завршен, потсете ги дамите да ви подарат нешто како што тие тоа го „бараат“ за 8 март.

Во 1999 година за прв пат беше прогласен Меѓународниот ден на мажите, а иницијативата беше покрената во Тринидад и Тобаго. Целта е да се подигне свеста за потребата од здравствена заштита за припадниците од посилниот пол, но покрај здравствени причини, Денот на мажите е исто така поттик за подобрување на машкоста, промовирање на родовата еднаквост и истакнување на позитивни модели на машки улоги. Затоа е поддржан од ООН и од околу 50 земји низ целиот свет.

Мажи, како ќе го прославите?