Денес, најдепресивен ден во годината: Лошиот понеделник

 „Депресивен понеделник“ или „Лошиот понеделник“ се однесува на чудниот трет понеделник во јануари, кој се смета за најдепресивен ден во годината и кога расположенијата на луѓето се на најниско ниво.

Очигледно, тоа е заради комбинацијата по Божиќната пауза, студените темни ноќи и на неплатени сметки за струја, вода и останати нешта. Овогодинешниот трет понеделник паѓа на денес, 20 јануари 2020 година.

Дали е ВИСТИНА?

Нема докази за поддршка на оваа теорија. Концептот за прв пат беше објавен како дел од публикацијата во 2005 година од компанија за одмор, која тврдеше дека дошла до точна пресметка на датумот користејќи математичка пресметка. Сепак, ова тврдење се смета за псевдонаука, додека научниците оваа „формула“ ја сметаат за бесмислена.

 Знаејќи го тоа ...

Дали нашите читатели се повеќе депресивни по Божиќните и новогодишните празници? Можеби.

Дали се „шворц“ и се обидуваат да истуркаат до следната плата? Со сигурност!

Дали прекумерно реагиравте на нереалните новогодишни прослави? Веројатно...

Дали сте стресну и депресивни затоа што се враќате на работното место? Со сигурност

Иако можеби е примамливо да се занесеме во националниот колективен ден на „ма што ми е гајле“, веројатно е покорисно да се фокусирате на подобрување на вашиот живот оваа година.

Иако нема многу докази за поддршка на теоријата за Депресивен понеделник, веројатно можеме да се согласиме дека некои луѓе се чувствуваат особено лошо оваа недела, па ајде да бидеме сочувствителни и да ги поддржуваме како што би правеле секој втор ден во неделата.

Ако случајно ви се чини дека не се чувствувате добро во овој понеделник (или кој било ден во неделата), ве покануваме да пробате еден или сите наши препораки „што да правиме“ за да ви помогнеме да ја надминете депресијата во секој депресивен ден!