Дербито Работнички -МЗТ Скопје ќе се игра во нов термин

Терминот за дербито од третото кооло во кошаркарското првенство меѓу вечните ривали, Работнички - МЗТ Скопје претрпе измена, а ќе се игра на 26. октомври, поради АБА обврските кои ги има МЗТ Скопје Аеродром.

Обврските кои со себе ги носи играњето во двете лиги на Јадранот на три наши екипи условија и третиот круг од натпреварите во Првата лига-мажи да биде поделен на неколку делови, односно термини.

Во центарот на вниманието во оваа рана фаза од првенството секако ќе биде дуелот помеѓу вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.

Поради обврските кои ги има македонскиот шампион во АБА лигата (дуелот на домашен терен против Студентски центар-Дерби во сабота навечер), наместо овој викенд, ќе се игра на 26. октомври (среда) во СРЦ „Кале“ во Скопје, од 17.часот (пренос на МРТ3)

Претходно на програмата се другите пет натпревари. А најинтересниот меѓу нив ќе биде оној во Гостивар, во сабота навечер од 19.часот. Гостивар го пречекува составот на ТФТ.

Гостиварци во обид да ја запишат и третата победа на почетокот на новата сезона, и да направат своевиден хет-трик на успешни игри по победите против актуелниот вицепрвак, Пелистер, а потоа и против бранителот на шампионската титула – МЗТ Скопје во Аеродром.

Дали во Гостивар ќе падне и носителот на Куп-трофејот, ќе покажат 40.минути од дуелот во салата „Младост“ која по истекнувањето на суспензијата, се очекува да биде исполнета до последно место.

Ова трето коло ќе го отворат екипите на Чаир 2030 и на Еуро Никел 2005.

Кавадарчани во обид да го задржат победничкиот чекор реализиран во првите два круга од новиот шампионат. Чаирчани да се обидат да направт уште едно изненадување како дебитанти, како она на гостувањето во Куманово.

Кумановци сеуште „се бараат“, па шанса за прва победа во сезоната ќе бараат на дуелот со Кожув, кој стартува во сабота, од 19.часот.

Во сабота, од 18.часот, Струмица ќе биде домаќин на одличниот состав на Феникс 2010, кој веќе направи две победи, па во „Парк“ ќе брка трета за сочувување на тој статус.

Во вторник пак во Кисела Вода ќе гостуваше битолски Пелистер, екипата која имаше успешен старт во натпреварите од АБА 2 конкуренцијата на турнирот во Златибор, па со максимално покачена самодоверба ќе тргна во натпреварпт против Навико Академија ФМП.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 3. КОЛО

22. ОКТОМВРИ (САБОТА):

17.00: Чаир 2030 – Еуро Никел 2005

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/-frymSehGQE

19.00: Куманово 2009 – Кожув

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://youtu.be/ZFmwAuN4wNI

19.00: Гостивар – ТФТ

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/6QonB8qJXOY

23. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.00: Струмица 2022 – Феникс 2010

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://youtu.be/s8qsy9sPM6A

25. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: Навико Академија ФМП – Пелистер

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/HPy-3vmODWs

26. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

17.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/m5Y6nArTW_o