Девојка го обори рекордот на Кристијано Роналдо во стомачни: „Даде сѐ од себе“
Светска рекордерка на 800 метри Кастер Семења го сруши рекордот на Кристијано Роналдо во правење стомачни вежби.
Кристијано Роналдо долго време не уживаше во славата, откако направи 142 стомачни за само 45 секунди. Во видеото насловено како "Living room Cup", Португалецот ги предизвика сите да се обидат да го срушат неговиот рекорд. Тоа е специјална вежба во која стапалата мора да се допрат додека нозете се држат во воздухот и рацете се целосно испружени.
Неговиот рекорд го сруши девојка, и направи дури 34 повеќе. Тоа е Кастер Семења, светска рекордерка во трката на 800 метри.
„Благодарност до Кристијано Роналдо за предизвикот. Тој даде се од себе“, напиша таа покрај видеото што го објави.
Атлетичарката од Јужна Африка продолжува да оди на суд да се бори за нејзините права, како и за правата на сите други женски спортисти кои имаат природно покачено ниво на тестостерон. Меѓународната атлетска организација веќе два пати ги смени правилата за нивото на тестостерон кај спортистите, единствено на штета на Семења.
Откако минатата година беше принудена да го пропушти Светскиот куп во Доха, таа рече дека ќе продолжи да се бори за своите права, но исто така изјави дека е ментално и психички скршена. Таа се префрли на фудбал минатата есен и во моментов игра за JVW FC во Јужноафриканската фудбалска лига.