Девојката на Дарко Спејко во минијатурно бикини го запали Египет (ФОТО)

Кумановецот Дарко Петковски Спејко познат по тоа што ја освои последната сезона на регионалниот „Голем брат“ пред шест години, денеска ужива во љубовта со својата партнерка Хрисанта Монева.

Имено Спејко порано се занимаваше со спорт, тренираше гимнастика, атлетика, ракомет, кошарка, а беше шампион на Македонија во трискок, а денеска е Советник во Советот на Општина Куманово.




Тој и Хрисатна се во хармонична врска веќе неколку години, а во моментов уживаат на одмор во Египет, од каде споделуваат фотографии. Хрисанта во минујатурно бикини ги истакна своите бујни облини.