Девојки од Европа си го продаваат телото на луксузни јахти во Кан: Ценовникот е изгор, а им се исплати и да добијат казна
Зад гламурот на Канскиот фестивал се крие приказната за проституција на јахти закотвени на море
Во Кан се одржува најгламурозниот настан во светот - Филмскиот фестивал. И додека светските ѕвезди уживаат во центарот на вниманието, зад тие кадри се крие темната страна на фестивалот во Кан. Елитната проституција цвета на јахти закотвени некаде во Средоземното Море. Европските девојки желни за „лесни пари“ се собраа во Кан за да бидат видени. Кога ќе успеат да се „докопаат“ на некоја од луксузните јахти, таму ги чека забава која завршува со секс. Ценовник за услугите нема, но кога ќе заминат секој од нив добива плик во кој има по 1000 евра. Толку чини еден час интимни односи, истражува Daily Mail.
Сепак, девојките знаат - ако им „падне“ богат клиент од Блискиот Исток, можат да заработат и до 5000 евра за вечерта.
„Понекогаш само седам во лобито на хотелот или во барот. Мажите доаѓаат кај мене и ме прашуваат дали работам. Можеби дискретно ќе ми го остават бројот на нивната соба и подоцна ќе им тропнам на вратата. Многу сум внимателна бидејќи хотелот не ме сака таму. Тоа е најстариот занает на светот, луѓето сакаат да имаат секс дури и на најексклузивното место како Кан“, изјавила Клара за Дејли Меил.
„Кај мене се знае: 1000 евра е час. Но има нешто како за два или повеќе часа, додека цела ноќ чини 5000 евра, иако вистината е дека интимните врски траат само неколку минути, останатото е само приказна... Не им помага ниту кога се опијануваат ниту се дрогираат, не можат повеќе да имаат секс, освен ако не пијат вијагра.
Она што ми го плаќаат е дискреција. Никогаш никому не би го открила името на клиентот.
Ексклузивните хотели како Карлтон имаат чувари кои се обидуваат да не ги пуштат овие девојки никаде во близина на нивните гости, но две девојки успеале да резервираат соба за 3000 евра. Келнерот на овој хотел рекол: „Им се исплатило дупло“!
Има и девојки кои се рекламираат на сајтови за возрасни и кои велат дека во Кан наплаќаат по 1000 евра за еден час, додека за ноќевање наплаќаат 5.500 евра, а телефонот за контакт е од Велика Британија.
Сепак, најголемата дискреција им е загарантирана на оние клиенти кои ги носат дамите на јахтата. Таму забавата се случува во текот на ноќта, а ниту еден кревет на јахтата не останува празен.
Во 2016 година Франција донесе закон против проституција, па оваа најстара професија сега е „осудена“ на јахта.
Ветеран од филмската индустрија за Дејли Меил изјавил дека се „продадени“ најпропаднатите актерки кои се согласуваат да имаат секс со богат постар маж.
„Тие се убедуваат себеси дека е одлично да се биде во Кан, да се запознаваш со богати мажи и да се проституираш. Но, тие сакаат пари“.
ФОТО: Freepik