„Дигитализација, сега!“: Вебинари за дигитализација за мали и средни бизниси
Дигиталните алатки стануваат сè понеопходни за бизнисите, а нивниот трансформативен ефект најмногу дојде до израз во време на Ковид-19 пандемијата која преку ноќ го смени начинот на кој се работи.
Дигитализацијата е тука и ќе остане, а успехот на бизнисите ќе зависи од нивната подготвеност за дигитална трансформација. И покрај тоа што постои мит дека дигитализацијата е комплексен процес кој бара експертиза, напротив станува збор за многу едноставен процес, со кој за брзо време ќе направите пресврт во вашето работење.
Македонски Телеком почнува со серија вебинари – „Дигитализација, сега!“ за вистинските чекори за дигитална трансформација и за приближување на дигиталните услуги до малите и средни претпријатија.
На првиот вебинар, кој ќе се одржи на 3 јуни во 11:00часот ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето за Дигитален индекс на малите и средни претпријатија, кое за прв пат е спроведено во Македонија од страна на Телекомво соработка со ИПСОС Македонија.
Македонски Телеком продолжува да едуцира, инспирира и да ги поддржува малите и средни компании во процесот на дигитализација.
Следни вебинари:
-Дигитална канцеларија, секаде - 10 јуни, 2021
-Ве има ли на интернет?- 17 јуни, 2021
-Фактури и потписи на клик- 24 јуни, 2021
-Без безбедност нема ефикасност - 1 јули, 2021
- Дигитализација - оптимизација - 8 јули, 2021
ПР објава