ДИЈАМАНТ СКЛЕКОВИ: Вежба која ќе ви ги истакне мускулите (ВИДЕО)

Оваа варијација на склекови ќе ви помогне да станете посилни и поголеми ...

Досега, повеќепати пишувавме за склекови и други видови на вежби и тренинзи и ви објаснивме зошто тие се толку важни и корисни. Како и да е, стандардните склекови честопати можат да станат досадни, а доколку сте во одлична физичка форма, тогаш склековите веројатно не влијаат толку на вашите мускули и не претставуваат предизвик за вас.

Затоа многу луѓе одлучуваат за различни варијации на склекови, кои се навистина многу и кои го оптеретуваат вашето тело поинаку. Овие варијации се потешки верзии на стандардните склекови кои дополнително ги оптеретуваат вашите мускули, така што тие обично се прават кога ќе започнете да ги правите стандардните склекови со леснотија.

Овој пат ви претставуваме дијамантски склекови кои особено влијаат на вашите трицепс и градите. Ако ја правите оваа вежба секој ден во 4 серии, верувајте ни дека ќе бидете многу посилни и помасовни.

Погледнете како овие склекови се вежбат правилно:


Видео: ScottHermanFitness

Можеби ќе ве интересира:

Најдобриот домашен тренинг за гради и трицепс: Крис Хеира повторно советува (ВИДЕО)

Супер вежба за зголемување на силата и издржливоста