Димитар Петковски: Македонскиот фотограф кој ги овековечи головите на Пандев и Елмас против Германија
Фудбалска репрезентација на Македонија ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата на четирикратниот светски шампион, со победата над Германија во Дуизбург со 2:1.
Македонските фудбалери одиграа одличен натпревар, па со головите на Пандев и Елмас ја шокираа Германија на нивен терен. После спектакуларниот натпревар социјалните мрежи изобилуваа со фотографии од македонското знаме, самиот натпревар, песни за поддршка на македонската репрезентација, гордост, солзи радосници, радост, измешани со честитки и коментари од целиот свет за победата на македонската репрезентација.
Ние следевме преку интернет и телевизиите, но еден млад дечко од Битола, беше на лице место, очи во очи со нашите, но и германските фудбалери, директно на терен. Фотографот Димитар Петковски само за читателите на Машки магазин, ни раскажа како сето тоа изгледаше директно од Германија.
*Каков е предизвикот да се биде официјален фотограф на Македонската репрезентација во Германија? Какво беше чувството од терен кога Македонија победи?
- Чудно чувство со среќен крај, сам и единствен на терен од Македонија опколен со Германци. Чувството брилијантно, непроценливо, го победивме 4- кратниот светски првак елфот - Германецот - Германија. Најпрво на понежната половина која требаше да биде официјален преведувач за МК. (таа живее и работи тука) на овој меч и реков- гол даваме, бод мислам ќе земеме ако играме како со Романија.
Кога влегов на стадион имав три фолдери во компјутер да испраќам до ФФМ. Едниот беше првото полувреме, вториот - второ полувреме и 3-тиот фолдер беше - ГОЛ МК и не само 1 гол туку 2 и не бод туку победа замислете.
* Какви беа реакциите на колегите - фотографи?
- Атмосферата беше премногу даун кај колегите. Јас бев покрај РТЛ, камерата на едниот гол и покрај друг колега фотограф од РОЈТЕРС со полни 61 година и 38 години работен стаж како фотограф овде, од кои над 15 бил во Ројтерс , (ми понуди ако останувам во Германија да го наследам или заменам, јас реков фала Ви, но Вие имате стаж колку јас и една деценија помалку години, така што ќе биде голем товар за мене да Ве наследам, но би учел, а и има што од толку големо децениско искуство.
* Кога се јави љубовта кон фотографијата?
- Јас ја засакав фотографијата од сосетката бабата Марија, која ми покажуваше слики од Битола, бев фациниран од тоа колку се стари, а колку се добри фотографиите. Потоа сликав со апарат со филм за хоби, па си купив дигитален исто за хоби, па потоа почнав со некоја верзија на полупрофесионална фотографија претежно од природа и спортски настани.
* Беше и фотограф на повеќе репрезентации, тимови и екипи. На кои гостувања надвор од Македонија си фотографирал, но исто така и во нашата држава?
- До сега сум бил клупски фотограф на ФК Пелистер (го освоивме купот 2017 со моите фото и видеа беа полни тв-ата насловните шпици и весниците како Македонски Спорт) / РК. Пелистер / Фудбалската репрезентација на Македонија и сега со КК. Пелистер почнав како клупски фото.
На гости во Украина во прекрасниот град Лвов бев со фудбалската репрезентација на Македонија 2014 во квалификациите за ЕУРО . На гостување во Брисел за квалификации за Светско во 2013-тата бев на старо познатиот Хејсел стадион сегашен Кинг Бурдоа, исто во минималниот пораз на Македонија од Белгија од 1-0 .Сум бил во Хрватска, Србија, Бугарија на натпреварот Бугарија - Италија 2015 квалификации за Еуро и многу други настани.
* Можеш ли да споделиш со нас некоја интересна случка од сите тие спортски настани?
- Пикантерија од фудбалот е кога бевме на подготовки 2017-та со Пелистер во Турција, Аланија, бев само јас со клубот и правев се :сликав, снимав видеа и правев извештаи, додека со Вардар беа 2-ца или 3ца во технички кадри исто во Турција. Прашуваа играчите на Вардар „која продукција ја имате земено со вас во Турција, вакви видеа што ви прави од тренинг, натпревар и слично“, а екипата од Пелистер им одговараат: „има едно дете, нема продукција“.
Потоа им кажале слични видеа да прават како моите.
Или друга случка, кога со фудбалскиот клуб Пелистер гостувавме во Кратово и еден човек од клубот не ме пушти на терен да сликам бидејќи не сум бил најавен и ми ја затвори вратата пред нос. Мене ме оставаат надвор, заедно со докторот и физиотерапевтот, за по пола сат дремење надвор да не пуштат бидејќи тој не знаел кој се треба да пушти, мислел само играчите.
* Што Димитар сака повеќе да фотографира спортски или културни настани?
- Сакам и тоа и тоа. Учителите Томи Георгиев и Дими/Ани, кажуваат дека сум експерт за улична фотографија и спонтана. Јас го измислив и сликав и лансирав помеѓу битолчани „Саботно Корзо на Битолчани“ и беше првата фотогалерија ,ако не се лажам, која се прикажуваше на телевизија (Благодарение на Бубе Ангелкова), во шпиц термин, односно им правев бесплатна реклама на сите битолчани кои изгледаа добро и го годеа терминот за прошетка во сабота по Широк сокак.
ПЕТКОВСКИ Е ДОБИТНИК И НА НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА СВОЈАТА РАБОТА
- Имам добиено признание на интернационален фестивал балкански за фотографија пред 3-4 год 2017, кога добивам награда за репортерска фотографија. На сцена ме покануваат и ги прикажуваат победничките фотографии, а мојата беше со комитата со распарчена дланка и специјалецот кој го носи во обратна насока од врата, а во тој момент кога јас ги сликам двајцата, комитата се смее. Тогаш ја забележаа неговата рака со неверување. На сцена се качуваат добитници кои добиле награда за природа и свадба, а јас со хорор фото, онака позирам пред 100 присутни со измешани емоции.
* Кои настани што си ги фотографирал, ти оставиле посебен впечаток ?
- Сум фотогарфирал настани, концерти, протести, репортажи од Битола. Сум фотографирал не само од Битола, туку и од Охрид, Прилеп, Крушево. Во Битола морам да ја споменам долгогодишната соработка со Центарот за култура, како фестивалски фотограф на Илинденски Денови 4-5 години, Фестивалот на Монодрама, Фестивалот Музика од светот, тие фотографии го прошетаа светот преку играорците и културните работници. Тука мора да го споменам Валентин Соклевски кој е заљубен во мојата работа и како тоа ги ловам играорците на сцена и на дефилеата на отварање на фестивалот. Неколку насловни фотографии на долгогодишниот фестивал Илинденски денови како и на Cioff, имаа моја фотографија во светскиот едиторијал за сите културни и играорни групи од целиот свет.
* Што е потребно за добра фотографија?
- За добра фотографија во Македонија треба голема желба за работа на терен, но и во студио, ако има кој да те насочи. Да бидеме искрени, тука се и многу денови, месеци и години да се снаоѓаш сам и без финансии, сето тоа да го работиш бидејќи како што на сите ни е јасно, репортерската фотографија кај нас заедно со веб медиумите и тв-ата преживуаат, а не живеат од таа работа, додека тука еве пример во Германија се интересираат за твојата работа и шират контакти, односно те имаат во белешката за понатамошна соработка.
Неда Маретиќ
Фото: Димитар Петковски