Димитрије ја оставил Ана и двете деца поради љубовницата, но не ни помислувал што ќе му приреди измамената сопуга: Животот му го приредила во пекол

Сопругот ја оставил сопругата за љубовница, а таа го надмудрила на неверојатен начин.

Љубовните афери сѐ се почести, додека мажите генерално почесто изневеруваат. Многумина ја „продадоа својата вера за вечера“ мислејќи дека ќе бидат посреќни. Меѓутоа, наскоро ќе се уверат дека не се ни свесни што имаат покрај себе, додека не го изгубат.

Така еден Димитрије ја оставил својата сопруга со која има деца и која се жртвувала за него поради неговата љубовница. Меѓутоа, наместо да страда и да плаче за својата судбина, Ана излезе посилна и му одржа вистинска животна лекција.

А ова е нивната приказна:

Ана и Димитрије беа во брак пет години. За тоа време тие добија две деца - момчиња, близнаци. Тригодишните деца беа неверојатно немирни и своеволни, но Ана успеа да се справи со нив.

Мислеше дека има живот од бајка: сопруг кој ја сака и како двојна круна на нивната љубов - синови.

Меѓутоа, нејзиниот свет се срушил кога Димитрије ѝ признал дека сака друга жена и дека има намера да започне заеднички живот со неа. Ана оптоварена со грижи за синовите не ни забележала дека се случува такво нешто, па ова и било дополнителен шок.

Одеднаш доживеала вистински кошмар. Цел живот се плашела од такво сценарио, завршувајќи како разведена жена со две мали деца.

Кога сопругот ѝ ја кажал вистината, таа не направила скандал. Таа направила нешто неочекувано: не само што му кажала на сопругот дека може слободно да остане во нивната куќа, туку и дека може слободно да ја донесе и љубовницата.

Димитрије на почетокот мислел дека Ана полудела, но кога почнала да си ги пакува работите следел вистински шок. Имено, оваа измамена жена сепак решила да ја напушти куќата, а децата и сопругот ги оставила да ги чува љубовницата.

Таа се согласила да плаќа алиментација за момчињата, се собрала и замина. Секој викенд доаѓала да ги земе децата, ги чувала и кога имала празници или кога Димитрије не можел.

Но, љубовницата на нејзиниот сопруг одбила да биде мајка на неговите деца. Сето тоа и било заморно и не сакала да живее во таква заедница. Таа го сакала Димитрије, но не и тие деца.

По неколку недели заеднички живот Димитрије останал без љубовница и сопруга.

Не можејќи да замисли да живее како самохран татко, ја замолил Ана да се врати дома. Таа се согласила, но под еден услов - Димитрије да ја префрли куќата на неа и на децата и секој месец да и плаќа алиментација. Враќање на старите патишта не доаѓало во предвид.

Ана сега била таа што побара развод, а по се што помина, стана вистинска инспирација за жените, особено за оние кои минуваат низ слична ситуација.


FOTO: Freepik