Не, не е од Холивуд, наша е: Македонката која по успехот овде, замина во Америка и изгледа светски

Токму на пикот од нејзината врвна кариера овде, таа направи рез и замина за Америка.
Бојана Васиќ, една од најубавите Македонки воопшто, живееше во Скопје и беше најшиот најдобар топ модел, победничка на изборот за Метрополитен топ модел кој и ги отвори вратите во париз и Милано.
И предвидуваа огромна кариера во светот на светската модата, но таа реши своето образование да го продолжи во Америка и успеа во сите нејзини намери. Сестра на Марија Васиќ, Мис на Македонија за Мис на светот за 2003 година. Убавината им е во гените.
И додека Марија е успешен доктор-анестезиолог, мајка на две машки деца, среќно мажена, Бојана во Њујорк каде што живее е во среќна љубовна врска.
Трча на маратони, изгледа заносно, постојано работи на усовршување на себе си, а она што и таму ја дигна во облаците беше појавувањето холивудскиот филм „Последните денови на земјата“ како актерка заедно со Вилијам Дефо и со него сними триумфална сцена.
Со својата љубов знае понекогаш да постира фотографии, а еве ја денес, поубава од кога било.