Бали ѝ „легна“ на нашата сексапилна фит инструкторка: И „Зелениот рај“ се стресе под овие атрибути

Ако барате место за одмор кое е тивко, место каде што можете да вежбате јога опкружени со бујни градини, да уживате во глетката, златните плажи и вкусната храна, тогаш Бали е дефинитивно земја во која ќе се чувствувате одлично.
Многу љубители на патувањата се целосно заљубени во овој „зелен рај“, како што често го нарекуваат овој индонезиски остров.
И во последниве сезони, станува сè попопуларно место за одмор.
Прогласена е за омилена дестинација на светските патници, a на букет листата ова бајковито место го заокружи и една наша позната фит дама.
Дама која е олицетворение на жена која ги има сите потребни атрибути на своето тело. Автентична, згодна, впечатлива...привлекува внимание каде и да се појави.
Нејзин главен атрибут е одлично извајаното тело и формираниот задник.
Ана Стојанова - фитнес инструкторка која неодамна се врати од патување во Бали, и реши со армијата следбеници да го сподели искуството од таму.
Ана ги почести обожувателите со сет од видеа и фотки, а местото на кое се буди и ужива во појадокот, прошетките е бајковито.