Dioptra Couture прослави 5 години постоење со ексклузивна промоција на новата колекција на DITA очила
Dioptra Couture, водечки бренд во областа на оптиката, вчеравечер прослави пет години постоење на македонскиот пазар со ексклузивна промоција на најновите модели на врвниот бренд на очила DITA.
Опкружени од своите соработници, пријатели, љубители на високата мода и повеќе видни личности од јавниот и културен живот, Dioptra Couture во славеничка атмосфера гламурозно го одбележа 5-годишниот јубилеј на успешна работа и посветеност само кон најдоброто за домашната и регионалната јавност.
“Навистина сме горди што заедно со нашите пријатели и соработници пред точно 5 години, на денешен ден, успеавме и Скопје да го ставиме на светската модна мапа, правејќи ги достапни најлуксузните брендови на очила кои претходно можеа да се видат и најдат само во светските модни центри како Лондон, Париз или Милано. Ние остануваме посветени на нашата мисија да го нудиме само најдоброто и искрено веруваме дека токму тоа и го заслужуваме” - рече Марија Костуранова, сопственичка на Dioptra Couture.
Паралелно со промоцијата во најлуксузните оптики во светските метрополи, на настанот беше промовирана и најновата колекција на американскиот бренд очила DITA, кој може да се пофали со над 25-годишна традиција во дизајн и производство на луксузни очила чии горди сопственици се и Лејди Гага, Бред Пит, Кејт Бланшет, Џејми Фокс, Ким Кардашијан, Ники Минаж и останати славни имиња од светскиот џет-сет. Домашната јавност ќе може да ги најде ексклузивно во Dioptra Couture и Dioptra East Gate каде е достапна комплетната понуда од DITA асортиманот, вклучително и најлуксузниот сегмент - Dita Epiluxury.
Метрополитскиот салон на Dioptra Couture, сместен на приземјето на елитниот Мериот хотел во строгиот центар на Скопје, е прогласен како еден од најдобрите регионални и светски салони за оптика благодарение на високите стандарди во квалитетот и префинетиот вкус за елеганција. Тоа беше потврдено и од светски познатите дизајнери Кристијан Рот и Ерик Домеж, но и од бројни агенти и дистрибутери кои имале можност да го посетат салонот на Dioptra Couture низ годините. Таму, покрај сета разноликост на достапни артикли, се наоѓа и оптометриски кабинет кој располага со јапонскиот софтвер Hoya Eye Genius за детален преглед и изработка на очила и оптички леќи, што е уште една ексклузивна услуга достапна за домашната и регионалната јавност.
* ПР - објава