Брендот Dior реши да им обезбеди на мажите колекција во која ќе најдат сè што им е потребно ...
Овој пат, новата колекција на брендот кој продуцира и висока мода, се фокусираше на парчиња облека што треба да бидат во орманот на секој господин.
Така се создаде модерна и разновидна колекција која содржи буквално сè, од елегантни кошули и костуми до бунтовни и младешки кожни јакни.
Во оваа колекција, мажите ќе можат да најдат дури 75 различни парчиња што ќе им овозможат да создадат непогрешлив стил кој секогаш ќе изгледа модерен и привлечен.