Диви Ангелов позитивен на Ковид-19: Температура и омалаксаност, се надевам ќе биде подобро
Познатиот поранешен македонски ракометен голман и репрезентативец, а сега ракометен тренер, Петар Диви Ангелов на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирус.
„Почитувани другари, пријатели, роднини, колеги, спортисти
Чуствувам морална одговорност да Ве инфомрирам дека мојот последен тест на Ковид-19 е позитивен. Изминатите два дена имам температура и чуствувам омалаксаност, но се надевам дека веќе од утре ќе ми биде подобро. Согласно препораките од здравствените работници, ќе останам во самоизолација во следните 14 дена. Доколку во последните седум дена сте биле во контакт со мене, Ве охрабрувам да се тестирате.
Искрено се надевам дека наскоро пандемијата ќе стане минато и ќе споделуваме само позитивни резутати од ракометните терени.“