До сега невидено: Подводна винарија во Хрватска

Дали некогаш сте помислиле дека сакате толку многу вино што без размислување би се нурнете во морското дно за да стигнете до него?

Ако негувате љубов за авантура, ќе бидете многу заинтересирани за овој напис. Хрватската винарија „Едиво“ ги прави своите вина навистина посебни и уникатни, благодарение на Јадранското Море и некои старомодни методи - немојте да се изненадите ако некогаш се пронајдете во заливот Мали Стон и да видите нуркачи кои излегуваат од морето со шишиња вино „Навис Мистериум“.

Она што ја прави оваа авантура посебна е фактот дека муштериит можат да нуркаат сами, доколку имаат лиценца за нуркање, секако. Според инструкторот за нуркање Мислав Чупек, оваа активност е прилично нова и за прв пат беше понудена пред три години. „Ние сме многу популарни кај Американците - кога доаѓаат овде, ова е вистинска новина за нив. Луѓето обично интегрираат нуркање во нивниот меден месец затоа што тоа е како романтично бегство од остатокот на светот “.

Заливот Мали Стон во Хрватска сега ќе биде познат не само за остриги и школки, туку и за вино. Секоја година, 5000 шишиња се спуштаат кон морето, каде што созреваат две години. 

Според познавачите на вина, вината што созреале во амфори, имаат помек вкус. Љубителите на виното можат да уживаат во широк спектар на понуди, вклучително и Навис Мистериум Амфора, Навис Мистериум Шише, Дингач Едиво, Пливач Едиво и П Едиво Шише. 

Едно шише вино од оваа винарија ќе ве чини помеѓу 70 и 208 евра, во зависност од употребената амфора.