Дојче Телеком и Били Ајлиш го слават дигиталниот оптимизам на Генерацијата Z
- #WhatWeDoNext – платформа за млади за креирање подобра иднина преку технологијата
- Кампањата почнува на 12 август, Меѓународниот ден на младите на ОН со универзална порака за дигитален оптимизам
- Партнерството на Дојче Телеком и Били Ајлиш посочува на потенцијалот на новата генерација да ја користи технологијата за добро
Дојче Телеком заедно со петкратната ГРЕМИ добитничка Били Ајлиш, го слави позитивното влијание на технологијата во времето на Генерацијата Z, генерација на млади кои имаат моќ и потенцијал да креираат подобра иднина. #WhatWeDoNext кампањата почнува на 12 август, Меѓународниот ден на младите на ОН со фокус на првата генерација која ја користи технологијата не само за свој бенефит туку за доброто на целото општество.
„Сите имаме потенцијал позитивно да влијаеме на нашата планета, и, се надевам дека нашата генерација ќе ги искористи своите платформи преку соработка и комуникација да направи вистинска разлика“,вели Били Ајлиш.
Според истражувањето што го спроведе Дојче Телеком, младите Европејци на возраст од 16-26 години изразуваат високо ниво на оптимизам во однос на потенцијалот којшто го нуди технологијата. По проблемите што произлегоа од ковид-19, 93% од припадниците на Генерацијата Z во Европа сметаат дека технологијата може да биде корисна алатка за учење и образование. 86% сметаат дека таа им овозможува да се поврзат со онлајн заедниците врз основа на заедничките интереси. 90% сметаат дека вклучувањето на младите луѓе е клучен фактор во градењето на подобра иднина, а 75% сметаат дека на социјалните медиуми наоѓаат поддршка во бранењето на она во коешто веруваат.
За да го погледнете филмот и да добиете повеќе информации за кампањата, одете на: www.telekom.mk/whatwedonext
Дополнителни информации за медиумите можете да најдете на:
www.telekom.com/en/company/topic-specials/special-corona
www.instagram.com/electronicbeats/
www.facebook.com/ElectronicBeats/