Докторот обвинет за смртта на Метју Пери ја призна вината: Еве како успеа да се извлече и да добие ослободување
Еден од петтемина обвинети за смртта на славниот Метју Пери, докторот Марко Чавез е ослободен од затвор откако се изјасни за виновен.
Ѕвездата на „Пријатели“ минатата година во октомври беше пронајдена безживотна во џакузито на неговата вила. Причината за смртта беше наведена како „акутни ефекти од употребата на кетамин“, а полицијата оттогаш истражува. Американските федерални власти кои ја истражуваат смртта на актерот неодамна одржаа прес-конференција на која истакнаа дека истрагата се уште не е завршена, но дека според обвинението објавено од Министерството за правда, се уапсени вкупно пет лица.
Тука спаѓаат Јасвин Санга, за која се вели дека е позната како „Кралицата на кетаминот“, д-р Марк Чавез, Ерик Флеминг, д-р Салвадор Пласенсија и помошникот на актерот Кенет.
На Марко Чавез, еден од двајцата лекари кои се меѓу петте лица обвинети за смртта од предозирање со кетамин на американски актер, федералниот суд во Лос Анџелес му забрани да се занимава со медицина. Лекарот се појавил во федералниот окружен суд во Лос Анџелес во петокот под обвинение за заговор за незаконска дистрибуција на кетамин и му било дозволено да остане на слобода со кауција од 50.000 долари, пишува Ројтерс.
Тој претходно потпиша договор за признавање вина со федералните обвинители, а како дел од тој договор му беше одземен пасошот и му беше забрането да се занимава со медицина. Адвокатот на Чавез рече дека неговиот клиент се кае за смртта на некој кој побарал лекарска помош.
Другиот лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетaта Јасвен Санга, која властите рекоа дека му го продала лекот на Пери неколку дена пред неговата смрт.
Метју Пери почина на 54-годишна возраст во октомври 2023 година од „акутни ефекти“ од предозирање со кетамин и други фактори што го натераа да ја изгуби свеста и да се удави во неговата топла када, според извештајот од обдукцијата од декември 2023 година.