Здравје // Совети
Домашната забава може да се замени со погреб: Венко Филипче со алармантни препораки
Поради енормните бројки на новозаболени за кои слушаме секојдневно, министерот за здравство Венко Филипче постојано апелира што е можно повеќе да се заштитиме и да ги почитуваме препораките безрезервно.
Една од фотографиите со препорака на официјалната страна на министерот вели дека домашната забава лесно може да се замени со погреб, па затоа не треба да се групираме.
„Не дозволувај забавата да заврши лошо. Има време за дружење и забави, тие ќе се вратат. Но блиските кои ги губиме нема.“
- Доколку мерките не се почитуваат, ќе има препорака за рестрикција во движењето. Прво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, но и рестрикција во движењето. Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа поучени од тие искуства, постепено ги отворивме училиштата. Поради очекуваниот есенски бран и зголемениот број на нови случаи предложивме до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот. Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати - изјави министерот за „Канал 5“ телевизија.