Домот во кој израсна Новак Ѓоковиќ: Подрумот му беше скривница од бомбардирањето
„Mеталната порта што изгледа како затвор ја чува белата влезна врата на првиот кат. Тука e домот на дедото на Новак, Владимир Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер во светот беше чуван овде, додека НАТО ја бомбардираше српската престолнина помеѓу март и јуни 1999 година„- пишува екипата на Би Би Си.
Кога се слушна звук на сирени за опасност од воздух, семејства составени од неколку генерации, заедно со соседите и пријателите од блиските ридови, истрчаа по скалите, низ неколку метални врати во подрумот.
Тоа беше секојдневие за Ѓоковиќ, сега некокукратен грен слем шампион.
Додека го славеше неговиот 12-ти роденден, во мај 1999 година, децениската криза го распарчи Балканот и Белград беше најважната точка. И сега, дваесет и кусур години подоцна, сè уште има тензии околу тоа како НАТО ја бомбардираше Србија 11 недели, сакајќи да ги протера српските сили од Косово, обвинувајќи ги за злосторства против Албанците.
„Кога се огласија сирените и авионите почнаа да кружат над нашите глави, никогаш не знаевте каде ќе падне бомбата“, рече Ѓорѓе Милениќ, постар човек кој беше пријател на дедото на Ѓоковиќ и кој живее во истиот блок згради. "Тие бомбардираа што сакаа. 'Колатерална штета', така ја нарекоа. Тие бомбардираа мостови. Болници. Бремени жени умираа." Неговиот глас му трепереше. "Беше тешко. Тешко".
Бањица, дел од Белград, кој се наоѓа на околу седум километри јужно од центарот на главниот град на Србија, таму е зградата. Локалните жители го опишуваат местото како „просечна населба“, составена од работничката класа и нивните семејства, претежно Срби, кои живеат во релативно ефтини станови. Дедото на Ѓоковиќ, Влада, како што го нарекуваа неговите најблиски, живееше во таков двособен стан сè до неговата смрт во 2012 година. Сега во тој стан нема никој.
И повторно, тој стан секогаш ќе биде поврзан со приказната за тоа како Ѓоковиќ започнал од скромни почетоци и успеал да биде еден од најдобрите играчи што некогаш постоеле.
Ѓоковиќ беше тука со неговиот дедо, инаку вдовец, а неговите родители, таткото Срѓан и мајката Дијана, мораа да бидат надвор од Белград поголемиот дел од времето за да заработат доволно за да одгледаат три сина - најстариот Новак и неговите двајца браќа, Марко и Ѓорѓе. Тоа значеше живеење во поголемиот дел од годината на Копаоник, планина позната по одморалиштата, близу Косово, на повеќе од четири часа возење од Белград.
Дење одржуваа часови за скијање, ноќе служеа пици во ресторанот што го имаа. Срѓан и Дијана работеа неуморно за да врзат крај со крај и ја финансираа растечката тениска кариера на Новак. Не сакајќи да го прекинат веќе започнатото школување на децата, тие ги оставија синовите кај дедото.
"Подрумот беше, всушност, местото каде што живеевме. Секој што можеше да застане таму влезе, немаше никакви ограничувања", рече Новак во 2011 година за американскиот ТВ документарец CBS. Се будевме секоја вечер околу два или три часот по полноќ и така два и пол месеци. Поради бомбите. На некој начин, тие искуства ме направија шампион, затоа што сите станавме посилни и гладни за успех", се сеќава тој на 1999 година.
Многу луѓе во Бањица го познаваат семејството Ѓоковиќ. Некои беа во истиот подрум со нив. Милица Миливојевиќ е 31-годишна жена, која живее малку над поранешниот стан на Ѓоковиќ. Таа вели дека во подрумот имало 20 или 30 лица. Таа се сеќава на мирисот на влага.
"Слушнавме бомби. Бомбите се слушнаа кога екслодираа кон Авала (рид на работ на Белград, пукано затоа што таму имаше кула за телекомуникации.) Во подрумот се собираа пријатели, особено млади некои игри на табла, „монополи“ или „ризик“, некои сениори пиеја, некои дури и земаа дрога “, се смееше таа.
Секако, нема индиции дека Ѓоковиќ, талентирано дете кое веќе го објави својот сон за освојување на Вимблдон на националната телевизија, учествувал во овие попроблематични активности на адолесцентите. Му беше тешко - го бркаше сонот да стане светски рекет број еден.
Таму во Бањица, позади споменатата зграда, разнобоен мурал го прикажува Ѓоковиќ опколен од едната страна од неговиот дедо, а од друга од неговиот тренер од детството. Жителите минуваат покрај муралот и не трепнуваат.