Донираа милион евра во борбата против коронавирусот: Двајца фудбалери на Баерн во акција

Џошуа Кимих и Леон Горецка, фудбалерите на Баерн Минхен, иницираа проект за собирање на средства за луѓето кои се најпогодени од пандемијата на коронавирусот.

Тие го стартуваа проектот „WeKickCorona“ и донираа еден милион евра во борбата против коронавирусот. Тие планираат сите собрани средства од проектот за хуманитарни, социјални или медицински установи кои им помагаат на погодените од коронавирусот.


– Сите можат да помогнат, како во мал така и во поголем обем. Само доколку бидеме заедно како општество, заедница, и покажеме разум и одговорност и се грижиме едни за други, можеме да излеземе од оваа криза. Без разлика дали станува збор за дела, гестови или финансиски средства, секоја помош во ова време е златна – изјави Кимих.

– Коронавирусот може да го победиме само како тим. Со помош на „WeKickCorona„ сакаме да им помогнеме на цела Германија. Свесни сме за фактот дека оваа наша обврска може да даде мал придонес – изјави Горецка.