Дориев подели пакетчиња, насмевката и радоста на децата е најголема награда

Празничните денови се секогаш можност на дело да се покаже хуманоста, фудбалскиот репрезентативец на Македнија,  Љупчо Дориев, кој е член на   Согдиана во Узбекистан, за новогодишните празници е во својата родна Струмица и направи потег за респект. Успеа да израдува повеќе од 550 деца од својата општина Ново Село делејќи им новогодишни пакетчиња.


„Со оглед дека потекнувам од оваа општина сакав да ги израдувам најмалите кои се нашата иднина. Сакам да им посакам убави празници и секогаш да спортуваат бидејќи со спортот се освојуваат височини, но и се градат квалитетни личности. Се надевам дека од мојата општина наскоро ќе излезат нови квалитетни спортисти и личности“, истакна Дориев.