Доживејте ја зимата во вистинско светло: ПАНОРАМА ХОТЕЛ И СПА
Замислете идилична атмосфера, поглед од високо и видик од милион долари! Да, Крушево е воздушна бања каде времето не се мери во минути, туку во воздишки. Прекрасниот амбиент посебно во зима е атракција сама по себе, а Панорама Хотел и Спа е круна на задоволството.
Крушево е сѐ почесто бирана алтернатива за викенд далеку од обврските, сообраќајните гужви и загадениот воздух. А, едно од најбараните сместувања од посетителите е токму овој хотел.
Комплетно реновираниот хотел е сместен веднаш над градот и нуди восхитувачка глетка на познатата крушевска архитектура, Македониумот и преубавиот планински пејзаж. Хотелот со четири ѕвездички располага со двокреветни и супериор соби, јуниор и делукс апартмани, како и спа центар со затворен базен и теретана.
Хотелот има и ВИП соба за деловни ручеци и состаноци.
За корпоративни настани хотелот располага и со конференциска сала.
Во рамки на Панорама работи ресторанот АЛТО со мени кое комбинира локални, традиционални јадења и интернационална кујна.
Панорама оперира и со жичарницата која од срцето на Крушево ве води на скијачките патеки. Таму, освен скијање, ве очекуваат уште и други рекреативни содржини во склоп на Panorama All Seasons Adventure Park.
Алтернативно, до истите може да стигнете и со квадрицикли, планински велосипеди или џип кои се достапни за изнајмување во хотелот.
Ова е идеална опција за целосно ресетирање на сетилата. Топло ви ја препорачуваме. Информирајте се повеќе и резервирајте тука.
*пр објава