Драги деца, јас сум богат, ама вие не сте: Шекил О'Нил не сака да ги подари своите пари
Шекил О'Нил неодамна зборуваше за тоа како сака неговите деца да научат да заработуваат сами и да не примаат пари од него ...
Со оглед на неговата одлука за време на подкаст, американската кошаркарска ѕвезда и член на Куќата на славните, откри дека неговите деца нема да добијат ни цент од неговото богатство. Според локалните медиуми, четириесет и деветгодишната легенда на НБА лигата тежи околу 400 милиони долари. Шек им рече на водителите на емисијата: „Моите деца сега се постари. Тие ми се малку лути, но не се навистина лути, ама не им е се многу јасно, особено затоа што цело време им велам „не сте богати, јас сум богат“.
Како што додаде: „ Мои деца, морате да имате факултет или магистратура и потоа ќе сакам да инвестирам во ваши лични фирми. Ако не е така, не ви давам ништо. Само едно правило - не ме интересира дали играат кошарка, не ме интересира ништо! Внимавајте, имам шест деца! Би сакал лекар, некој што може да има голем фонд, фармацевт, адвокат, некој кој може да работи на неколку работни места, некој што ќе ми го преземе големиот бизнис“.
Говорејќи за новинарите на Њујорк пост минатиот месец, Шек откри дека се повлекува од својот статус на славна личност, изјавувајќи: „Овие познати личности се целосно луди денес, не сакам да завршам така. Се откажувам од мојот статус на ѕвезда, завршив со тоа“.
Кошаркарската икона зад неговата слава крие многу скромно потекло и тешки почетоци, чии темели се вткаени во сурово воспитување во сиромашниот Њуарк.
„Дојдов од ништо, но само затоа што успеав, невозможно е да се направи паралела со тоа што сум малку поголем или попаметен од вас, само затоа што имам повеќе пари не значи дека сум подобар од вас. Никогаш не сум беше таков и никогаш нема да бидам. Затоа, не сакам да бидам во таа категорија на луѓе“.
Шек понатаму изјавил дека може да се заблагодари на организацијата Boys & Girls Club of America за сето она што го има денес, што го оддалечило од проблеми кога бил мал. Пензионираниот кошаркар има три ќерки и три сина: Мира -16, Шакира - 18, Амир -19, Шариф -21, Мајлс -24 и Тахира, 25 години.