Дуелот на титаните му припадна на Надал, кралот на земја го победи Ѓоковиќ

Во нова епска пресметка, која траеше четири часа и 12 минути, Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ со 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6(4).

Со ова, Надал оди кон својата 14-та титула на Ролан Гарос, и 22 во кариерата на Гренд слем турнирите, а во полуфиналето ќе игра со Александер Зверев.

Надал сега ја намали предноста на Новак Ѓоковиќ во меѓусебните дуели која е во корист на Србинот 30-29.

Ѓоковиќ играше со многу осцилации, лошо влезе на мечот, а Надал ги користеше сите негови грешки и заслужено стигна до победа и полуфинале.