Џастин Бибер е мамка за милијардерите: Кој сака добра забава, тој е на располагање- за енормна сума

За вртоглави 10 милиони долари, Џастин Бибер не одолеа и имаше свој настап на свадбата на милијардери во Индија. 

Како што тврди Indian Express, Бибер одлета во Мумбаи за да ја изведе песната „Бејби“ на предсвадбениот настан на синот на индискиот тајкун Анант Амбана и ќерката на милијардерот Радика Мерчант. 


Потсетуваме, сопругата на Џастин, Хејли Бибер ја објави својата прва бременост на 9 мај. Манекенката позираше за фотосесија во тесен бел фустан од тантела кој го истакна нејзиниот заоблен стомак. Манекенката и бизнисменка објави и видео на кое Џастин Бибер ја бакнува во усните и ја гушка за половината.