Џемпер од 4.000 денари: Зоран Заев знае да одбере
Премиерот во заминување, Зоран Заев, на својот официјален профил на „Фејсбук“ објави новогодишна честитка и неколку семејни фотографии.
„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици. Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“ - напиша Заев на социјалните мрежи.
За оваа новогодишна фотосесија сите членови на семејството се одлучија за некое брендирано парче.
Премиерот се одлучи за џемпер од брендот Timberland и истиот чини 3.999 денари. Го има во неколку бои, а тој се одлучи за класичната сива боја.
Неговиот наследници на себе го облекоа брендот Tommy jeans. За разлика од сите нив, брендот кој го носи неговата сопруга не може да открие.